Истражувањето на јавното мислење е на 20 дена пред изборите
Претседателскиот кандидатот на демократите, Џо Бајден води пред актуелниот претседател и кандидат за уште еден мандат Доналд Трамп со 55 отсто спрема 43, покажува анкетата која вчера ја објавија Еј-би-си њуз и на весникот „Вашингтон Пост“
Според анализата на Си-ен-ен, Бајден е доминантен во кампањата во однос на неговиот ривал и има забележлива предност, но Трамп се уште има шанси за победа.
Анализата на предизборните анкети покажува и дека Бајден, во овој момент, е во подобра позиција од кој било претседателски кандидат од 1936 година досега, откако почнаа да се спроведуваат анкети врз база на нова научна методологија на истражување на јавното мислење.
Ова е трета национална анкета во која Бајден не само што има повеќе од 10 отсто поголема поддршка од Трамп, туку по трет пат има над 50 проценти од гласачите на своја страна.