Сите приговори се обработени. Од 46 000 приговори – 9 200 се прифатени, објави министерката за финансии на фејсбук
Над 300 илјади домашни платежни картички се издадени до 25 јули, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на Фејсбук.
„Сите приговори се обработени. Од 46 000 приговори – 9 200 се прифатени, од кои – 5 800 млади лица од 16 до 29 години, 700 невработени лица со низок доход и околу 2 700 вработени лица со низок доход. Картичките и за овие граѓани се испечатени и се издаваат“,
наведува Ангеловска.
Министерката за финансии потенцира дека, покрај главната цел на мерката – да се амротизира ударот врз економијата преку стимулирање на приватната потрошувачка, картичката дава и други значајни ефекти на патот кон современо опшество.
„Помош на граѓаните кои преку поголемата потрошувачка на македонски производи и услуги го помагаат стопанството и економијата. Кревање на свеста за домашното. Зголемување на безготовинските плаќања кои се директно поврзани со неформалната економија. Промена на навиките. Подобрување на квалитетот на дата-базите на институциите. Се работи за многу обемна мерка, која од нејзино конципирање до реализација се спроведе во навистина многу краток рок – односно од носењето на уредбата до издавањето на првата картичка поминаа само две недели“,
нагласува Ангеловска во објавата на Фејсбук.