Вообичаено е после вакви суши да има поплави. Тоа е статистички, што не значи дека сигурно ќе има поплави, вели директорот на ЦУК
Многу скоро можни се поплави во земјава, по долгиот сушен период, предупреди директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, апелирајќи до локалните власти дека треба да се исчистат каналите.
„Заедно со луѓето од проценка на ризик и загрозување, заклучивме следат поплави во за неколку недели, можеби и за еден месец. Вообичаено е после вакви суши да има поплави. Тоа не значи дека сигурно ќе има поплави. Затоа сега ги предупредувам градоначалниците да ги исчистат каналите“,
изјави вечерва Ангелов, во гостување на ТВ21.
Пред пожарите, како што рече, ги предупредувал градоначалниците дека можат да се потпрат само на два хеликоптери во случај на пожар и заклучи дека тоа е реалноста.