Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и неговиот татко имале договори за работа како ревиденти и консултанти за тендер и проекти во држваната компанија ЕЛЕМ, објави денеска на прес-конференција, Митко Андреевски, претседател на комисијата за енергетика во СДСМ.
Андреевски вели дека документите ги добиле во вторникот од професор на Машинскиот факултет.
„На нив [документите] се гледа дека доцент Мицкоски и неговиот татко професор Мицкоски, покрај тоа што се еклатантен пример за непотизам, биле и извршители на договори за работа како ревиденти и консултанти за тендер и проекти во државната компанија ЕЛЕМ. Секако, тоа не го правеле про-боно, туку фактурирано и наплатено. Ова не е ниту морално ниту етички. Покрај директорувањето во ЕЛЕМ, сопственоста на хидроелектрани, фамилијата Мицкоски – клан од Машинскиот факултет, биле ангажирани за извештаи, евалуација на понуди и тендери од државната ЕЛЕМ“,
рече Андреевски.
Тој додаде дека сите функционери на СДСМ го ставаат на увид секој потрошен денар, транспарентно и отчетно.
„Мицкоски секоја вечер зборува за идна проверка на имот на политичари! Е ама тој нема анкетен лист, нема доставено ниту до јавноста, ниту до антикорупциска. Нема јавно достапни информации за кои е нормално да има за лидер на опозиција, што има од имот овде во републиката и надвор од неа, тој и неговото семејство. Колку и како заработувал во минатото и денес? Затоа на 15 јули излезете и гласајте, не дозволувајте да се вратат злоупотребите од Груевски, Мицкоски и нивните фамилии“,
рече Андреевски.
Документите што Андреевски ги објави на прес: