На седницата на Комисијата, која беше закажана за денеска напладне, присуствуваа пратениците, членови на ова тело и од власта и од опозицијата, но од Агенцијата за национална безбедност не се појави ниту еден претставник за да продолжи со реферирањето за случајот „Онишченко“, што беше и причината Пренџов да ја прекине поради, како што рече, немање услови за работа. Тој, сепак, рече дека со ова седницата не е завршена и дека за кратко време тој повторно ќе ја закаже со цел „мистеријата Онишченко конечно да добие епилог“
Тој продолжението на седницата на собраниската Комисија го закажа за денеска, иако вчера Владата на седница за нов директор на АНБ го именуваше Зарко Милошевски. Досегашниот прв човек на Агенцијата, Виктор Димовски, пак треба да замине на функцијата амбасадор во Франција
Претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР), Љупчо Пренџов денеска беше принуден да го прекине продолжението на седницата за отчетот на АНБ околу нејзината улога во доделувањето на македонско државјанство на контроверзниот Украинец Олександр Онишченко.

На седницата на Комисијата, која беше закажана за денеска напладне, присуствуваа пратениците, членови на ова тело и од власта и од опозицијата, но од Агенцијата за национална безбедност не се појави ниту еден претставник за да продолжи со реферирањето за случајот „Онишченко“, што беше и причината Пренџов да ја прекине поради, како што рече, немање услови за работа.
Тој, сепак, рече дека со ова седницата не се завршена и дека за кратко време тој повторно ќе ја закаже со цел „мистеријата Онишченко конечно да добие епилог“.
„Ова тука нема да заврши, седницата не е затворена, точката не е заклучена, во следниот краток период повторно ќе свикаме седница со цел мистеријата Онишченко конечно да добие епилог“,
рече Пренџов, додавајќи дека одговори ќе побараат и од новиот директор на АНБ.
Претседателот на Комисијата како неодговорно го оцени однесувањето на вработените во АНБ, поради отсуството на нејзин претставник на седницата.
„Од 1990-те години па наваму имам чувство дека без исклучок Агенцијата, а претходно и со други имиња наместо Агенцијата повеќе да се грижи за безбедноста на граѓаните имам чувство дека тие со дејствијата прават граѓаните да се чувствуваат небезбедно во своја држава. Неодговорно е однесувањето никој да не се појави на оваа седница, имајќи предвид дека граѓаните се тие кои плаќаат и за плати и за вработени и за логистика на сите јавни функционери вклучувајќи ги и вработените во АНБ“,
рече Пренџов.
Одговарајќи на новинарско прашање, Пренџов рече дека за денешната седница не добил никакво известување од АНБ.
Тој продолжението на седницата на собраниската Комисија го закажа за денеска, иако вчера Владата на седница за нов директор на АНБ го именуваше Зарко Милошевски. Досегашниот прв човек на Агенцијата, Виктор Димовски, пак треба да замине на функцијата амбасадор во Франција.
Седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и на Агенцијата за разузнавање, која беше затворена за јавноста поради класифицираните материјали, почна на 18 ноември, но остана незавршена и беше суспендирана од претседателот на Законодавниот дом, поради безбедносен пропуст, кога дел од отчетот на довчерашниот директор, Димовски за случајот одеше тонски на јутјуб-каналот на Собранието.
Во врска со инцидентот, Министерството спроведе истрага и извештајот од наодите го достави до Собранието и Основното јавно обвинителство Скопје.
Претседателот на Собранието Талат Џафери на почетокот на оваа недела соопшти дека го добил извештајот на МВР и дека го известил претседателот на Комисијата задолжена за надзор над работата на АНБ и АР Љупчо Пренџов дека се создадени услови таа да продолжи.
Инаку, во врска со случајот „Онишченко“ Владата му го поништи државјанството Украинецот, а претходно како што известија дел од медиумите поведена е постапка за суспензија на двајца вработени во АНБ.
По првото продолжение на седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР, откако беше прекината, Димовски пред медиумите изјави дека интерната проверка во Агенцијата било утврдено дека не е испочитувано последното ниво од безбедносната проверка и не била направена консултација со НАТО-партнерите пред да се даде позитивно мислење за државјанството на Онишченко.