Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози
Од утрово сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола, кај млинот „Осман“, е во целосен прекин, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според информациите од АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината на движење, да ги почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и условите на патот.
