Организацијата, во извештајот објавен на 4 август наведе дека украинската армија ги загрозува цивилите, бидејќи воспоставува бази во населени места.
Невладината организација Амнести интернешнал денеска соопшти дека жали за својот извештај во кој се обвинуваат украинските вооружени сили дека ги ставаат цивилите во ризик при спроведувањето на нивните тактики, но ги повтори заклучоците што предизвикаа гневот на Киев, иако шефот на невладината организација во Украина, Оксана Покалчук, вчера поднесе оставка поради извештајот.
„Амнести интернешнл длабоко жали за болката и гневот предизвикани од нашето соопштение за борбените тактики на украинската армија“, но нашиот приоритет е да се погрижиме цивилите да бидат заштитени“,
се вели во соопштението на Амнести интернешнал
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по објавувањето на извештајот ја обвини организацијата дека ги оправдува руските напади врз Украина, додавајќи дека вештачката интелигенција ја префрла одговорноста од агресорот на жртвата.
Од АИ пак, велат дека во овој конфликт, како и во секој друг, приоритет е да се осигура дека цивилите се заштитени и дека тоа била единствената цел кога го објавиле последниот извештај.
„Иако целосно стоиме на нашите заклучоци, жалиме за болката што ја предизвика извештајот“,
наведуваат од АИ.
Инаку во извештајот кој беше објавен по четиримесечна истрага, Амнеси интернешенал ја обвини украинската војска дека воспоставува бази во училишта и болници но и дека извршуваат напади од населени места, директно изложувајќи го на ризик цивилното население, нешто што според организацијата, е тактика со која се прекршува меѓународното хуманитарно право. Воедно, од АИ велат дека извештајот сам по себе не значи дека тие ги сметаат украинските сили одговорни за прекршувањата изврешни од руските сили.
„Воените закони делумно постојат за да ги заштитат цивилите и затоа Амнести интернешнл ги повикува владите да ги почитуваат. Ништо од тоа што го документиравме за акциите на украинските сили на кој било начин не ги оправдува прекршувањата извршени од Русите. Русија е единствено одговорна за прекршувањата што ги направи врз украинските цивили“,
се вели во соопштението на Амнести интернешнал .