Предлог-законот беше воведен поради стравувањата дека Врховниот суд може да ја поништи одлуката од 2015 година за легализирање на истополовите бракови низ целата земја, како што во јуни годинава, на пример, Врховниот суд го поништи законот за абортус во земјата
Американските сенатори со мнозинство од 61 глас вчера го усвоија нацрт-законот за заштита на истополовите и меѓурасните бракови на федерално ниво.
Предлог-законот беше воведен поради стравувањата дека Врховниот суд може да ја поништи одлуката од 2015 година за легализирање на истополовите бракови низ целата земја, како што во јуни годинава, на пример, Врховниот суд го поништи законот за абортус во земјата.
За предлог-законот гласаа 61 сенатор, а против беа 36. За усвојување беа потребни 60 гласа. Дванаесет републиканци го поддржаа законот заедно со 49 демократи, додека двајца демократи беа отсутни.
Тесно формулираниот закон бара од сите американски држави да ги признаат истополовите бракови доколку тие се легално извршени во друга држава. Сепак, нацртот не ги спречува поединечните држави да забранат истополови бракови или бракови меѓу луѓе со различна боја на кожа.
Иако претходно оваа година законот беше усвоен од Претставничкиот дом на САД, сега се враќа во Домот за членовите да можат да гласаат за амандманите за заштита на верските слободи.
Законот допрва треба да го помине гласањето во Претставничкиот дом и да го добие конечното одобрение и потпис од американскиот претседател Џо Бајден.