Истакнатиот американски новинар Грант Вал почина во Катар откако колабира додека известуваше на Светското првенство предизвикувајќи излив на шок и тага низ спортскиот свет, објави Си-ен-ен.
Тој колабирал додека го следел вчерашниот натпревар меѓу Аргентина и Холандија.
Организаторите на Светското првенство во Катар изјавија дека на Вал му се слошило во прес-центарот, каде што веднаш добил медицинска помош на самото место. Потоа бил префрлен во општата болница Хамад, рече портпаролот на Врховниот судски комитет за наследство, тело кое е одговорно за планирање на турнирот.
„Целото американско фудбалско семејство е во тага поради сознанието дека го загубивме Грант Вол. Му благодариме на Грант на неговата огромна посветеност и влијание врз нашата игра во САД“,
соопшти Фудбалската федерација на САД.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, рече дека се во блиска комуникација со семејството на Вол. Организаторите на Светското првенство исто така рекоа дека биле во контакт со американската амбасада за да се осигурат дека процесот на враќање на телото е во согласност со желбите на семејството.
Вол го покривал фудбалот повеќе од две децении, вклучително и 11 светски првенства, а минатата недела го прославил својот роденден со група пријатели од медиумите на Светското првенство, пишува Си-ен-ен.