По инаугурацијата, новиот претседател на САД назначи привремени шефови на 23 федерални агенции, вклучувајќи ги и министерствата за одбрана и за финансии и потпиша 17 извршни наредби
Неколку часа откако новата потпретседателка на САД Камала Харис положи заклетва, како прва жена на оваа функција, тројца нови сенатори од Демократската партија, Џон Ософ, Рафаел Ворнок и Алекс Падиља, го сторија истото, стоејќи пред неа, како претседателка на Сенатот.

Со ова, по долгогодишна доминација на репубиканците во горниот дом на Конгресот, демократите кои имаат мнозинство во Претставничкот дом и Бајден како претседател ј имаат комплетн ата власт во земјата.
„Америка денеска врти нов лист“,
изјави Ософ (33), најмладиот сенатор во актуелниот состав.
Односот на демократите и републиканците во Сенатот сега е 50 спрема 50, но во тој случај одлучувачки е гласот на Камала Харис.
Ваквата контрола во Конгресот, во следните две години ќе му овозможи на Бајден да го спроведе планот за целосна промена на досегашната политика, оценуваат американски медиуми.

Меѓу првите одлуки, Сенатот ја потврди кандидатурата на Аврил Хејнс за директорка на американското национално разузнавање, за што гласаа 84 сенатори, а 10 беа против.
Хејнс е првата жена на таа фукнција.
Таа беше номинирана од претседателот Џо Бајден во ноември 2020 година, по неговата победа на претседателските избори во САД. Таа е првиот кандидат на Бајден за владина функција што добил одобрување од Сенатот на САД.
Во меѓувреме, Бајден започна со смена на досегашните први функционери. Директорот на Институтот за надворешни работи Даниел Смит е назначен за вршител на должноста државен секретар, во очекување, Сенатот да го одобри кандидатот на Бајден за шеф на американската дипломатија Ентони Блинкен.

По инаугурацијата, новиот претседател на САД назначи привремени шефови на 23 федерални агенции, вклучувајќи ги и министерствата за одбрана и за финансии и потпиша 17 извршни наредби.