Американската амбасада во Скопје смета дека првостепената пресуда за поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, од три и пол години затвор за злоупотреба на АКМИС системот е позитивен чекор напред во барањето одговорност за оние што се обвинети за поткопување на судската независност.
Еве што на Твитер напишаа од Амбасадата:
„Објавата на Основниот суд во Велес дека поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски, е осуден на три и пол години затвор за злоупотреби на АКМИС е позитивен чекор напред за барање одговорност за оние што се обвинети за поткопување на судската независност“,
пишува во твитот на Амбасадата на САД.
Панчевски беше осуден на три години и шест месеци затвор, а пресудата доцна синоќа ја објави судијката Валентина Ѓорѓиевска од Основниот суд во Велес.
Поврзана вест: Панчевски осуден на три и пол години затвор