Како први избори одржани по влезот на Северна Македонија во НАТО и по поканата за започнување на преговори со ЕУ, овие избори претставуваат значаен чекор кон демократијата, е ставот на Американската амбасада во Скопје за парламентарните избори.
„Го поздравуваме големиот напор на локалната изборна администрација, што овозможи наспроти предизвиците со тековната пандемија, изборите да бидат организирани со сите напори за заштита на здравјето и на гласачите и на лицата ангажирани во изборните центри и набљудувачите“
се вели во објавата на Амбасадата на САД.
Од Амбасадата, исто така, изразуваат благодарност до ОДИХР за прелиминарната оценка на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.