Реакцијата на АА следува откако претходно денеска лидерот на Беса, Билал Касами, кој е дел од коалицијата „Европски сојуз за промени“, го обвини претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, дека во неделата насилно влегол во просториите на партијата и го прогласил партискиот лидер Арбен Таравари за предавник. Според Касами, Села и некои луѓе околу него не го сакаат најдоброто за Алијанса
Претседателот на Беса да не си го пика носот во внатрешните работи на другите субјекти, туку да си го гледа својот двор, кој го уништи од основањето, му порача денеска Алијанса за Албанците на Билал Касами откако тој во интервју обвини оти претседателот на Централното собрание на Алијанса, Зијадин Села, во неделата насилно влегол во просториите на партијата и го прогласил партискиот лидер Арбен Таравари за предавник.
Врз Алијанса за Албанците, велат од партијата, не може да фрла кал „тој што е познат како симбол на поделбата на албанската политичка сцена, поради кого од Беса излегоа уште седум партии“.
„Го повикуваме претседателот на Движењето Беса, познат како претседател на бравите, да не си го пика носот во внатрешните работи на другите субјекти, туку да си го гледа својот двор, кој го уништи од основањето. Билал Касами е универзално и официјално познат по кршењето брави, влегувањето насилно и демолирањето на седиштето на неговата партија во 2018 година. Билал Касами како градоначалник на општина Тетово ќе остане запаметен по кршењето на вратите од зградата во која се наоѓала невладина организација во Тетово“,
се наведува во соопштението на Алијанса за Албанците.
Реакцијата на Алијанса следува откако претходно денеска лидерот на Беса, Билал Касами, кој е дел од коалицијата „Европски сојуз за промени“, го обвини претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, дека во неделата насилно влегол во просториите на партијата и го прогласил партискиот лидер Арбен Таравари за предавник. Според Касами, Села и некои луѓе околу него не го сакаат најдоброто за Алијанса.