Во дебата на „360 Степени“, извршниот директор на невладината организација „Мост“, Дарко Алексов,зборуваше за тоа што треба да се направи пред локалните избори во врска со Избирачкиот список.
– Што се однесува до Избирачкиот список – значи, изборите треба да се распишат, чинам, некаде околу 20 август, за да се случат на 15 октомври. Тоа значи дека пред нас има два и пол месеци, во коишто ако нема одмор Собранието, а ќе има, остануваат два месеци. Во тие два месеци владата, односно владејачкото мнозинство, претпоставувам дека ќе мора да седнат и со опозицијата, ќе мора да се обидат да најдат решение за оние 200 илјади гласачи, односно 170 илјади кои беа ставени на посебниот список и оние 30 илјади кои не беа на Избирачкиот список на минатите избори, и да видат што може да се направи со тие 200 илјади гласачи, какво решение да се најде, за, ако ништо друго, да го вратиме Избирачкиот список во сосојтбата во која што беше пред изборите на 11 декември. Најверојатно би се работело за модел во којшто нема да се бришат тие 30 илјади, иако, ако ме прашате мене, тие треба да се избришат. Меѓутоа, тоа ќе биде страшно тешко да се донесе како заклучок, затоа што за една таква работа, претпоставувам дека треба сите партии да се договорат, затоа што станува збор за избори, значи треба консензуално да се пристапи кон тоа. Од друга страна овие 170 илјади и тие 30 илјади можеби треба да се стават заедно на посебен список, за да, доколку дојде до појавување на гласач којшто ќе се бара од тој список, сите оние којшто го набљудуваат процесот и се дел од него, да бидат малку, пофокусирани на истото – рече Алексов.
Напишете коментар