Висината на спогодбата, која допрва треба да биде потврдена на суд, не е соопштена
Американскиот актер Алек Болдвин објави дека се спогодил со семејството на директорката на фотографија Халин Хачинс, која случајно ја уби во октомври 2021 година додека ракуваше со револвер на снимањето на вестернот „Rust“.
Актерот во објава на Инстаграм напиша дека е „благодарен на сите што придонеле за решавање на тој трагичен и болен настан“.
Со спогодбата заврши граѓанската тужба поднесена од семејството Хачинс против Болдвин.
Висината на спогодбата, која допрва треба да биде потврдена на суд, не е соопштена.
„Не сакам никого да обвинувам (ниту продуцентите, ниту Болдвин)“. Сите сме сигурни дека смртта на Хачинс е последица на страшна несреќа“.
коментирал сопругот на починатиот директор на фотографија, Метју Хачинс, според соопштението за печатот од продуцентската куќа.
На 21 октомври 2021 година, снимањето на ранч во Ново Мексико, се претвори во трагедија кога Болдвин го повлекол чкрапалото на пиштолот што содржел вистински куршуми наместо лажни, убивајќи ја 42-годишната Халин Хачинс.
Немилиот случај силно ја потресе јавноста во земјата каде оружјето зема голем број жртви, но и надвор од американските граници. Настанот ги поттикна холивудските студија да ги разгледаат прописите за условите за снимање.