Српскиот претседател Александар Вучиќ ги почна консултациите за формирање влада по одржувањето на парламентарните избори. Денеска тој имаше состанок со претставници на изборната листа „Албанска демократска алтернатива – Обединета долина“ .

Тројцата албански пратеници кои успеаја да обезбедат пратеничко место на изборите во јуни од Вучиќ побараа министерско место во Министерството за локална самоуправа, заменик-министер за економија, државен секретар во Министерството за образование.
Во официјалното соопштение на „Албанска демократска алтернатива – Обединета долина“ се вели дека овие 4 услови се поврзани со главните проблеми на Албанците во Србија веќе 20 години и дека без нивно исполнување нема да коалицираат со Српската напредна партија (СНС) на Вучиќ.
Српскиот претседател и лидер на СНС во наредните денови ќе се сретне и со претставници на другите партии и листи кои обезбедија пратенички мандати на изборите.