Во Албанија и понатаму негативни рекордни бројки на новозаразени во едно деноноќие односно регистрирани се 141 случаи на ковид-19, што е највисока бројка до сега, од појавата на пандемијата во првите денови од месец март.
„Во изминатите 24 часа, од направените 625 тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 141 од нив, што е највисока бројка до сега. Во исто време битката со опасниот вирус ја добија 72, а ја изгубија три лица“,
изјави Ровена Даја од албанскиот Институт за јавно здравје.
Таа додаде дека од почетокот на месецов зголемен е и бројот на направени тестови, што во претходниот период бил во просек по околу 400 тестови дневно.
„До сега направени се вкупно 47 676 тестови, позитивен резултат е добиен кај 6 917, излекувани се 3 552, а за жал починаа 208 луѓе, а активни на болеста се 3 057 лица. Во двете ковид болници се третираат 116 пациенти, од кои 24 се во тешка здравствена состојба,
додаде д-р Даја.