Од Центарот за управување со кризи денеска информираат дека во земјава се активни 13 пожари, а дополнителни осум се под контрола. Сè уште гори на Галичица, кај Македонски Брод, Долнени…
Еве каде се има активни пожари на отворен простор:
1. Општина Македонски Брод: Јасен – викенд населба Белица (гори борова шума);
2. Општина Ресен и Општина Охрид: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (гори нискостеблеста вегетација и букова шума);
3. Општина Долнени 1: село Дебреште, крак кон село Зрзе, како и крак кон село Крапа, Општина Македонски Брод (гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева);
4. Општина Новаци: с.Полог – Брник –Рапеш (ниска вегетација, деградирана шума);
5. Општина Кичево 1: село Цер, планина Лубен, проширен е кон селата Брезово и Зашле, Општина Демир Хисар (гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација);
6. Општина Кичево 2: село Патеец – село Козичино, проширен кон село Дупјани (гори борова и букова шума);
7. Општина Пласница: село Пласница – село Латово, Македонски Брод (гори нискостеблеста вегетација);
8. Општина Македонски Брод 2: село Девич месност Вртешка (гори мешана шума);
9. Општина Дебар: с.Гари на планина Стогово (гори мешана шума);
10. Општина Чашка: с.Мокрени (гори нискостеблеста дабова шума);
11. Општина Маврово -Ростуше 1: село Врбен (гори мешана шума);
12. Општина Маврово – Ростуше 2: врв Кораб (гори нискостеблеста вегетација) –пожар кој се префрлил од Албанија;
13. Општина Долнени 2: село Небрегово (3 ТППЕ) (гори нискостеблеста шума).