„Нашиот фокус во текот на претпладнето и во текот на денот ќе биде ставен на пожарот на Серта, доколку другите пожари не побаруваат употреба на воздухоплови. Најголемиот дел од воздухопловите ќе ги фокусираме на овој пожар на Серта. Трае долго време и зафаќа голем фронт, но карактеристично за него е тоа што во текот на ноќта тој стивнува“, вели директорот на ЦУК

Единаесет пожари се водат како активни утринава и на нив се интервенира од земја и на места со воздухопловна поддршка.
Пожарот на планината Серта денеска ќе се гасне од воздух и од земја. Во интервенцијата ќе се дејствува со хеликоптери и авиони за гаснење пожар, додека од земја ќе дејствуваат припадници на АРМ, МВР, ЕБР, пожарникари од повеќе градови, јавните комунални претпријатија, Национални шуми, ловџии и други доброволци.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов утрово информираше дека турскиот хелихоптер е веќе упатен кон планината Серта, како и дека сите пожари се под делумна контрола вклучително и пожарот кај Битола.
„Нашиот фокус во текот на претпладнето и во текот на денот ќе биде ставен на пожарот на Серта, доколку другите пожари не побаруваат употреба на воздухоплови. Најголемиот дел од воздухопловите ќе ги фокусираме на овој пожар на Серта. Трае долго време и зафаќа голем фронт, но карактеристично за него е тоа што во текот на ноќта тој стивнува“,
изјави ноќеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Повеќе денови трае гаснењето на пожарот на планината Серта, за кој Ангелов вели дека е најсериозен и најтежок за гаснење бидејќи се работи за исклучително тежок терен испресечен со долови, карпест терен со ридишта, густи трња и грмушки и друг тип на нискостеблести растенија и делумно шума.
Како што беше најавено, претпладнево се очекува да пристигнат и два хелихоптери од Словенија и еден голем хелихоптер со носивост од пет тона од Србија, а најавен е и еден хелихоптер од Црна Гора.
„Овие ресурси добар дел од нив ќе ги сконцентрираме на планината Серта и во зависност од развојот на состојбата и на некој од другите шумски пожари затоа што состојбата се менува од минута во минута“,
рече Ангелов.
В гаснењето на пожарите се вклучени и 103 припадници на Армијата и 30 припадници на полицијата, сите во гаснењето на пожарот на планината Серта.
„Во случај на потреба имаме на располагање дополнителен број на војници, како и дополнителен број на полицајци, но теренот на планината Серта е таков што не дозволува поголем ангажман на луѓе од земја, бидејќи се работи за исклучително тежок терен испресечен со долови, карпест терен со ридишта, густи трња и грмушки и друг тип на нискостеблести растенија и делумно шума“,
изјави Ангелов.
Од утринава се интервенира во гаснење и на пожарот кој од вчера попладне е активен на ридот над битолската населба Баир, но како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) тој е целосно под контрола.
Од пожарот се уште има жаришта и екипи работат на догаснување, но според директорот на ЦУК Стојанче Ангелов има опасност од огнени трупци кои се тркалаат надолеу и може да предизвикаат ново горење.
Во пожарот зафатена е површина од околу 100 хектари на која гори сува трева, грмушки и шума со мешовит состав.
За гаснење на пожарот интервенираат пожарникари од територијалната противопожарна единица во Битола и од ДПД „Архангел“, екипи од ЈП „Национални шуми“, како и од битолски „Водовод“, „Нискоградба“, „Комуналец“ и „Стрежево“.
Градоначалникот на Општина Битола упатил барање за воздушна поддршка по што се чека потврда од ЦУК дали на овој пожар ќе се делува од воздух.
Од ЦУК утринава велат дека екипи на локалните територијални противпожарни единици, од ЈП„Национални шуми“, доброволни противпожарни друштва и локалното население.