Попис кој што власта на Заев го турка, без општествен консензус е гаранција за поларизација на граѓаните, велат од опозициската партија
ВМРО-ДПМНЕ ги подготвува документите кои треба да се поднесат до Министерството за правда за да може да почне собирањето потписи за поништување на законот за попис. Но доколку меѓувреме се повлече предло-законот и не се изгласа, може и да не дојде до тоа, најави денеска портпаролот на опозициската партија Наум Стоилковски.
„Таа акција ќе биде спроведена онака како што треба, преку подрачните единици на Министерството за правда, луѓето ќе може да се потпишат во подрачните единици низ градовите, а бројот на потпишани нема да биде нешто за занемарување од страна на владејачкото мнозинство. И целта е тоа, да се повлече овој закон и да се донесе закон кој што ќе значи општествен консензус за статистичка операција – попис, поддржана од сите“,
рече Стоилковски на прес-конференцијата.
Се планира и електронски начи на собирање на потписи, како начин за притисок врз власта од јавноста.
Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за МИА, коментирајќи ја ситуацијата околу пописот, рече дека досега не слушнал некаде воопшто во Европа да се користи отпечаток од прст за попис, како што бара опозицијата и открива и дека меѓународни експерти укажале дека така попис не се прави.
Тој побара да не се „потпалува огнот“ и дека бојкот на попис како фраза не постои во европската политика.
Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопптение одговрија дека од насилен попис спроведен во епидемија, без почитување на европските стандарди и јасна методологија, како резултат на политички договор губи Македонија и губат сите граѓани и обвинија дека „попис кој што власта на Заев го турка, без општествен консензус е гаранција за поларизација на граѓаните и за тоа вина имаат Заев, СДСМ и власта“.