Од учесниниците на протестот Трендафилов побара исто како и пред Собранието, да го свртат грбот кон Владата, зашто како што рече „тие четири месеци им го вртат грбот на работниците, им се умилкуваат на газдите, си бараат владини синдикати, со цел да не ја зголемат платата“
Доколку не добие зголемување на платите, ќе се гледаме почесто и ќе бидеме побројни. Ова денеска на протестот пред Владата го порача претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, посочувајќи дека не отстапуваат од барањата за минимална плата од 500 евра.

„Зашто две минимални плати не овозможуваат основни трошоци за живот на едно четиричлено семејно домаќинство. Ќе дојдеме многу повеќе ако не ги зголемат платите. Бараме пристојна плата за пристојна работа“,
рече тој пред Владата, каде што и заврши денешниот првомајски протеест на ССМ.
Од учесниниците на протестот побара исто како и пред Собранието, да го свртат грбот кон Владата, зашто како што рече „тие четири месеци им го вртат грбот на работниците, им се умилкуваат на газдите, си бараат владини синдикати, со цел да не ја зголемат платата“.
„Со 160 илјади денари лесно се кажува дека со 24 илјади се живее. Четири месеци се борат против синдикатите и против сите нас за да не ги зголемат платите. За тие да уживаат, а ние да преживуваме. Не напаѓаат за да ги одвратат работодавачите да преговараат со нас“,
кажа Трендафилов.
Првиот човек на ССМ порача дека бараат Владата да биде на страната на работниците, на граѓаните, на нејзините гласачи, а не на страната на газдите, на олигарсите и на работодавачите.
„Бараме Владата да предложи измени и дополнувања на Законот за минимална плата со што ќе ја зголеми за најмалку 30 илјади денари или 500 евра минималната плата, онака достоинствено како што тоа го направија насекаде владите во регионот. Или – Владата сака да има најсиромашни работници за да ги нуди на странските инвеститори како евтина работна сила, како робови“,
рече тој.
Доколку се нема слух за нивните барања, најави можност за штрајк, макар на на еден ден во целата држава.
Упати пораки и до синдикалните организации што денееска не им се придружија на првомајскиот протест.
Трендафилов ги нарече „квазисиндикати што седат дома“.
Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ посочи дека се срами од тоа што некои синдикати вчера го славеле 1 Мај во луксузен хотел.
Според неа, иако неколку синдикати учесници на протестот имаат различни гледишта, сепак денеска се сплотени со иста цел, а тоа е борбата за повисока плата.
На протестот на ССМ се бара минимална плата од 500 еевра, зголемување на останатите плати за 100 евра, и да се почитуваат колективните договори за платите.
Протестот почна во 11 часот пред Работничкиот дом во Скопје, преку Собранието и Стопанската комора, а заврши пред Владата.