„Владеењето на правото и постигнувањето на вистинска неселективна правда, домашна и меѓународна, се моја постојана цел и обврска во текот на целата моја активност. Затоа, би сакал да ве известам дека Специјалното обвинителство на Косово, како еден од основачите на УЧК и член на генералниот штаб, ме покани како сведок и без двоумење ја прифатив поканата и воспоставив конструктивен и кооперативен контакт со службените лица во Хаг“,
напиша лидерот на ДУИ на својот Фејсбук профил.
Тој подвелкува дека отсекогаш бил поддржувач на неселективната правда и затоа се ставил на располагање на правосудството.
„Сакам да ја докажам искреноста на ослободителната војна на албанскиот народ против геноцидот на српскиот режим на Милошевиќ“, пишува Ахмети во објавата на својот Фејсбук профил.