Лидерот на ДУИ изјави дека платформата на неговата партија е позната и дека очекува победа во албанскиот кампус
Се отвора нова страница на историјата на оваа земја, за зачленување во Европската Унија. Затоа победниците ќе имаат историска одговорност да ги исполнат потребните услови за ЕУ, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, откако денеска го оствари своето гласачко право на избирачкото место во Зајас.
„Ќе треба да се работи на подигање на стандардот за подобар живот, подобро образование и здравство. Значи, ќе има многу работа за да се исполнат барањата и очекувањата на народот. Јас сум убеден дека во тоа ќе успееме. Се знае нашата платформа, очекувам победа во албанскиот кампус“,
изјави Ахмети.
По гласањето, Ахмети изјави дека посакува регуларен процес и да се почитуваат здравствените упатства, посочувајќи дека овие избори се многу битни ако се знае, како што рече, дека досега се завршени многу значајни процеси за регионот и за мирот воопшто.