Смета дека јавната поддршката на Албин Курти за претседателскиот кандидат на албанската опозиција (Алијанса за Албанците и Алтернатива) во 2019 година било мешање во политичката сцена во Македонија
„Во Скопје има политички партии кои се проруски настроени, кои ги преминаа црвените линии. За нас нема политичко партнерство со партиите кои се против договорите од Охрид, Преспа, за добрососедство и независност на Косово“, вели лидерот на ДУИ
Ако се изгласаат уставните измени, Република Северна Македонија и Република Албанија во рок од четири години ќе станат членки на Европската Унија. Ова вчера во емисијата „Топ стори“ на албанската телевизија Топ Чанел – Албанија го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Со одржувањето на првите меѓувладини конференции на Албанија и Северна Македонија со Брисел почнуваат промени внатре во овие земји во однос на инфраструктурата, животната средина, владеењето на правото итн.“,
вели Ахмети.

Тоа, според лидерот на ДУИ, значи дека со отворање на преговорите со Европската Унија овие држави ќе имаат и поголема финансиска поддршка.
Според Ахмети, премиерот на Косово, Албин Курти, се меша во политичката сцена на Албанците во Македонија.
Смета дека јавната поддршката на Албин Курти за претседателскиот кандидат на албанската опозиција (Алијанса за Албанците и Алтернатива) во 2019 година било мешање во политичката сцена во Македонија.
„Тој се меша во политичката сцена на Албанците, Еди Рама, не се мешаше во внатрешните работи на политичкото тело во С Македонија. Направи напори да ги приближи партиите во С Македонија, благодарен сум, благодарен за ваквиот пристап. Не сме изразиле патриотизам, ниту емотивен ниту патриотски. Се договоривме со Стево Пендаровски, со Социјалдемократскиот сојуз, му дадовме поддршка. Во театар може да се прави претстава, но знаеме дека на крајот нема победник“,
рече Ахмети.
Ахмети изјави дека по најавите за дејствување на Самоопределување во Македонија интерес пројави и меѓународната заедница.
„Ме ставија во многу тешка ситуација. Зошто Курти се жали кога Вучиќ има политичка активност во Косово, како објаснувате? Ме оставија без зборови“,
нагласи Ахмети.
Ахмети во интервјуто прашан за промените во владиниот кабинет, рече дека нема да има промени од редовите на ДУИ и дека неговата политичка сила нуди коалиција само со прозападните сили.
Ахмети ги повика албанските партии да не тргнуваат по политичка партија која нема прозападен, проевропски курс.
„Во Скопје има политички партии кои се проруски настроени, кои ги преминаа црвените линии. За нас нема политичко партнерство со партиите кои се против договорите од Охрид, Преспа, за добрососедство и независност на Косово“,
изјави Ахмети.
На прашањето дали на претстојните избори би формирале поинаква коалиција, Ахмети вели дека можат да коалицираат само со партии кои имаат прозападни погледи.
„Ќе коалицираме со оние кои ќе го прифатат амандманот на Уставот. Многу е важно политички партии, особено од албанскиот блок, да нè поддржат, да не одат по политичка партија која нема прозападен курс“,
рече Ахмети.