Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, со порака „НАТО бидна“, испрати честитки до сите граѓани, откако денеска и последната земја членка, Шпанија, го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата.
„На крај, НАТО бидна! Честитки драги граѓани. Овој наш долг ангажман исполнет со непрекинати напори денес се заокружи со Шпанија, преку последната ратификацијата на Протоколот за членство. Во ниту еден миг не се издвоивме од нашата цел и ниту еднаш не се поколебавме од оваа наша заедничка определба. И тогаш кога сите се сомневаа, и тогаш кога сите кренаа раце од овој пат, ние со инсистирање продолживме кон евроатлантската насока на ова земја, и успеавме. Ви благодарам многу за целата поддршка низ сите години, можеби процесот беше бавен, но со храброст и непоколеблива определба успеавме за посигурна иднина. Сега, на ред е Европската Унија! Датум сега!“,
вели Ахмети.