Во оваа смисла, лидерот на ДУИ посочил дека постапувајќи по политичка наредба, Уставниот суд ја избришал етничката припадност, а оти на ред е и албанскиот јазик. Овие одлуки, рекол Ахмети, се неприфатливи за ДУИ
ДУИ не сака и нема да биде дел од оваа влада, туку води битка за национално достоинство од секојдневното погазување и за почитување на Охридскиот договор, како и евроатлантската ориентација на државата.

Ова го порачал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата којашто во седиштето на партијата денеска ја остварил со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал.
„Нас не нè интересира власта и под никакви околности оваа наша битка и битката на Албанците не е и нема да биде страст за власт. Потписниците на Охридскиот договор треба да бидат алармирани за овие сериозни нарушувања на меѓуетничките односи и еднаквост“,
порачал Ахмети на средбата со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал.
Во оваа смисла Ахмети посочил дека, постапувајќи по политичка наредба, Уставниот суд ја избришал етничката припадност, а оти на ред е и албанскиот јазик. Овие одлуки, рекол Ахмети, се неприфатливи за ДУИ.
Лидерот на ДУИ му порачал на Вал дека неговата партија останува недвосмислен промотор на европскиот дух и пријателството со САД, како и за спроведување на преговарачката рамка со ЕУ без дополнително одложување.
„Партнерите во власта без етнички легитимитет ветија дека за три до шест месеци ќе го сменат Уставот. ДУИ нема да дозволи отстапување од европскиот пат и ќе инсистира на уставни измени бидејќи граѓаните се решени да станат дел од Европската Унија“,
му рекол Ахмети на Вал.
