Од вкупно 1 895 активни случаи на ковид-19 во земјава, во Скопје се 575. По општини во моментов оптшина Аеродром има најмногу активни случаи или вкупно 99. Веднаш по неа е општина Гази Баба со 72 случаи, па Карпош и Центар со 63 односно 62 активни случаи.
Во Кисела Вода во моментов има 57 случаи, а во Чаир 55. Значително е намален борјот на активни случаи и во Бутел – 36, Ѓорче Петров – 34 и Шуто Оризари – 23.
Со двојни цифри на активни ковид-случаи се и општините Студеничани – 17, Сарај – 16, Илинден – 11 и Арачиново – 10. Во Сопиште и Петровец има по четири активни случаи, во Чучер Сандево два и во Зеленикото има еден активен случај.
Регистрирани се и шестмина странци, а три лица сè уште не се распределени по општини. Од почетокот на пандемијата во Скопје беа регистрирани вкупно 6 156 случаи на новиот коронавирус.