Министерот за образование Арбер Адеми на денешната прес-конференција најави дека државата ќе доделува парични ваучери за младите до 29 години за покривање на дел од партиципацијата за школување и сместување и за организација на обуки.
Првиот тип ваучер со еднократен износ до 6 000 денари ќе им се доделува на студенти и средношколци на семејства со ниски примања за партиципација за студирање и за сместување во ученички и студентски домови.
Вториот тип поддршка е домашна платежна картичка со износ од 3 000 денари која ќе биде наменета за студентите за купување домашни производи и услуги во одредени услужни дејности кои се најпогодени од кризата.
Третиот тип ваучер до 30 000 денари е за млади до 29 денари за кофинансирање на обуки, курсеви за ИТ и дигитални вештини.
„Влогот за овие три мерки, според проценките, ќе биде 12 милиони евра, а ќе бидат опфатени околу 100 000 корисници, наши млади сограѓани. МОН како институција задолжена за имплементација на мерката веднаш пристапуваат кон разработка на конкретен план со цел успешно спроведување на тоа што е усвоено како заклучок“,
изјави Адеми
Како што кажа Адеми, се очекува ваучерите да бидат доделени во јуни, а најдоцна до крајот на јули, а во следните денови треба да се знае начинот за аплицирање.