„Речиси во сите општини сме во предност. Во дебар водиме 2:1, во Струга повеќе од 2:1, Кичево 5:1, Врапчиште повеќе од 2:1. Во предност сме и во Тетово, Гостивар, Куманово, Липково“, рече шефот на изборниот штаб на „Европскиот фронт“
Разликата меѓу коалицијата „Европски фронт“ и коалицијата „Вреди“ е над 30 илјади гласа, рече вечерва на прес-конференција шефот на изборниот штаб на „Европскиот фронт“ Арбер Адеми, соопштувајќи ги резултатите од парламентарните избори.
Според него, тоа се прелиминарните резултати кои ги добиле од 50 отсто од изборените гласови.

„Речиси во сите општини сме во предност. Во дебар водиме 2:1, во Струга повеќе од 2:1, Кичево 5:1, Врапчиште повеќе од 2:1. Во предност сме и во Тетово, Гостивар, Куманово, Липково“,
рече Адеми.
Според него, со овие резултати проценките се дека „Европскиот фронт“ ќе има над 20 пратенички места.
Претходно Адеми изјави дека ги оставиле навните поддржувачи самостојно и по сопствено убедување да одлучат како ќе се однесуваат на претседателски избори.