Адеми потсети на сите проекти кои досега биле направени, алудирајќи на тоа дека со избор на новата Влада државата ќе продолжи да ја остварува својата европска перспектива
Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми, од собраниската говорница на денешната седница за избор на нова Влада, истакна дека цело ДУИ и сите граѓани ја поддржуваат новата предложена структура на Владата и нејзината програма.
Адеми укажа на преземените мерки и реализираните проекти, истакнувајќи дека со гласањето на новата Влада само се дава „зелено светло“ за продолжување на овие процеси.
„Денеска одлучуваме дали ќе дадеме зелено светло за континуитетот на развојните проекти и проектите за квалитететниот живот, јасно дефинирианите механизми и стратегии, за да продолжиме успешно да се справуваме со енергетската, здравствената и мигрантската криза како глобални предизвици. Наоѓајќи се во ваква ситуација на предизвици и кога на хоризонтот го имаме патот кон ЕУ како прогресивна перспектива, денеска е време да ја докажаме нашата политичка зрелост, да дадеме свој придонес за да се овозможи стабилност и конзистентност во процесот на одлучување во служба на граѓаните“,
изјави Адеми.
Адеми потоа потсети на сите проекти кои досега била направени, алудирајќи на тоа дека со избор на нова Влада државата ќе продолжи да се движи во правецот по кој се движела и досега.
„Ние сме дел од НАТО и тој сон го реализиравме со многу работа, решителност и јасна визија. Поддршката за продолжување на работата на оваа Влада значи и реализација на оваа цел“,
истакна Адеми.