Директорот на Зоолошката градина во Скопје Ѓорги Галетановски попладнево бил повикан на информативен разговор во полиција поради објава на неговиот профил на Фејсбук, објави А1.он.
Во објавата Галетановски на ироничен начин им порачува на гласачите од партијата противник на неговата, при гласањето да пречкртаат „Северна“. Статусот на Галетановски не го објавуваме, бидејќи содржината го крши изборниот молк.
Галетановски два часа давал исказ во полицијата, по што бил пуштен. Наводно се работи за анонимна пријава, а според А1.он тој бил повикан на барање на Секторот за економски и компјутерски криминал.