Голем дел од учесниците фрлале и предмети кон полицијата, а исто така напаѓале и новинари
Во центарот на Виена денеска попладне се одржуваат протести во организација на поборниците против ковид мерките и задолжителна вакцинација, поради што повеќе улици се затворени за сообраќај.
Според полицијата, во демонстрациите учествуваат над 10.000 демонстранти. Досега биле приведени и повеќе лица кои се противеле на наредбите на извршните органи на власта.
Австриските медиуми атмосферата ја опишуваат како тензична, што може да се забележи и по видеата објавени на социјалните мрежи.
На протестите најпрво се собрале левичарите, кои демонстрираат против учеството на неонацистите во антиковид протестите.
На овој собир се случиле неколку инциденти, поради што полицијата морала да употреби бибер-спреј за да ги растера демонстрантите.
Голем дел од учесниците фрлале и предмети кон полицијата, а исто така напаѓале и новинари.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Виена, околу 1.200 полицајци од различни делови на Австрија се наоѓаат на протестите.
Според соопштението на полицијата за денеска биле најавени вкупно 27 протести, кои во целост го блокирале сообраќајот.