Полициски службеник се здобил со телесни повреди откако вчера возилото во кое бил сопатник се судрило со друго возило на улицата „Митрополит Теодосие Гологанов“ во Скопје.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, во сообраќајна незгода учествувале патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од Д.Ј.(46), а совозач бил Ш.Д. (42) кој се здобил со повреди, а од друга страна патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(22) од с.Просениково, струмичко.
Повредениот полицаец бил пренесен во Комплекс клиниките „Мајка Тереза“. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.
