Во вредност од 6 илјади денари ќе се доделува еднократна финансиска помош за студенти кои припаѓаат на домаќинства кои се со низок доход. Паричната помош ќе може да ја искористат за дел од партиципацијата во трошоците за студирање, дел од трошоците за сместување во студентски дом, односно на трошоците за приватно сместување.
Како што информира Министерството за образование и наука, аплицирањето се врши на два начини, електронски или непосредно во Министерството за образование и наука.
Прв чекор во процесот на аплицирање е пријавување на кандидатите на платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, каде се одбира и начинот на кој ќе бидат доставени потребните документи и формулари.
Повеќе информации околу условите, критериумите, документите и роковите за аплицирање се наведени во Уредбата со законска сила усвоена за реализација на оваа мерка за поддршка студентите, која е објавена ТУКА.