Министрите денеска ќе потпишат Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, најавуваат од владината прес-служба.
Потпишувањето ќе се случи на владина седница која треба да започне на пладне во свечената сала во Владата.
Според најавата, настанот ќе се пренесува во живо, а свои обраќања ќе имаат премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.