Прва мерка од четвртиот пакет економски мерки е продолжување на поддршката за исплата на плати за вработени за месеци октомври, ноември и декември. Како што информираше премиерот Зоран Заев, за оваа мерка се предвидени 70 милиони евра.
„Ќе опфати 83 илјади вработени и самостојни вршители на дејност месечно, а новина е што поддршката ќе се распоредува скалесто во зависност од падот на приходите. Овие фирми кои имале поголем пад на пригоди ќе добијат поголема помош“,
рече Заев.

Исплатата на платите за последниот квартал од годинава ќе се движи од 14 500 денари поддршка, па се до 21 776 денари. Оваа мерка ќе ваши за компании, самостојни вршители на дејност како и земјоделската и занаетчиската дејност и лица што вршат други услуги.

Втората мерка која ја најави премиерот е платежната картичка за поголема потрошувачка и за развој на домашните економските дејности.
Овој пат платежните картички се со износ од 6 илјади денари и ќе ги добијат 5 726 самохрани родители, пензионери со пензии до 15 илјади денари, студентите, филмските работници, пасивни баратели на работа.
„Плус поддршка ќе има од 44 милиони денари за студентски и ученички стандард за 2020 година. Со ова се опфатени 884 студенти и 347 ученици. Ќе ги помагаме и оние граѓани над 64 години кои немаат ниту пензија, ниту државна социјална пензија, а се со приходи пониски од 15 илјади денари или воопшто немаат приходни“,
рече Заев.
Оваа мерка ќе изнесува 27,2 милиони евра, а ќе бидат опфатени над 280 илјади граѓани.
Третата мерка е зголемување на грејс периодот за бескаматните кредити од ковид(1). Владата преку Развојна банка ќе има даде на постоечките корисници на кредитни линии дополлнителни три месеци грејс период пред да започнат со исплта на ануитетите од земените кредити. Четвртата мерка обезбедува 100 милиони евра поволни кредити од Развојна банка за поддршка на домашните компании, кои ќе бидат пласирани преку деловните банки.
Поддршка на платите за последниот квартал ќе има и за 150 туристички водичи и оваа мерка ќе чини 160 илјади евра. За помош на туристичкиот сектор е донесена мерка за поврат на туристичката такса за 2019 година за 4 740 хотелиерски субјекти во вредност од 2 милиони евра.
За 500 туристички агенции ќе бидат обезбедени грантови во вредност до 1.9 милиони евра, а тие ќе се распределуваат во зависност од бројот на вработени и во зависност од тоа дали туристичките агенции се носители на А или Б лиценца.
Една од мерките е и укинување на парафискалните давачки за компаниите како давачки, надоместоци, лиценци и друго.
Грантови ќе добијат и рестораните за свадби, односно мерката ќе имаат право да ја користат сите регистрирани и лиценцирани субјекти во оваа дејност. Мерката ќе изнесува еден милион евра, а грантовите ќе се доделуваат во висина од 3 илјади до 10 илјади вера во зависност од остварениот промет во 2019 година.
Во рамките на четвртиот пакет економски мерки се вклучени 31 мерка преку која се опфатени повеќе дејности.
Како што рече премиерот Заев вкупниот износ на овој пакет е во висина од 470 милиони евра и заедно со претходните три пакети помошта надминува една милијарда евра.
„Во процесот на креирање на овие мерки учествуваа стопанските комори, синдикалните организации, организации на работодавачи со цел да бидат опфатени максимален број на граѓани засегнати од кризата. И затоа е голем севкупниот број на мерки“,
рече Заев.