Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, е во карантин откако негов телохранител бил позитивен на новиот коронавирус, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.
Првичниот тест за ковид-19 на шефот на германската дипломатија бил негативен. Мас не е првиот член на германската Влада кој е во самоизолација поради коронавирус.
Канцеларката Ангела Меркел помина две недели во домашен карантин во март откако имаше контакт со лекар кој бил позитивен на вирусот. Во тоа време тестовите ѝ беа негативни.