Две заборавени ваги на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје предизвикале сомнеж по што во полицијата било пријавено дека на тротоарот има непозната направа.
Како што информира Министерството за внатрешни работи по вечерашната пријава околу 19:10 часот, полициски службеници излегле на терен да извршат проверки.
„Веднаш се преземени соодветни мерки за обезбедување на просторот и упатени тимови за проверки по што е утврдено дека станува збор за две ваги“,
велат од МВР.
По расчистување на случајот потегот од Соборниот храм до Архитектонскиот факултет сега е вратен во нормала и сообраќајот функционира вообичаено.