Попладнево до полицијата стигнал повик преку кој е дојавено дека на булеварот Партизански одреди има бомба.
Како што велат од Министерството за внатрешни работи, до нив стигнала дојава за непозната направа на булеварот и во моментов се упатени полициски службеници кои вршат проверки.
Сообраќајот низ центарот на градот е отежнат, а забележливо е и зголемено полициско присуство.
Полицијата забранува сообраќај пред Владата, кадешто вечерва имаше и протести.
По завршувањето на увидот, МВР ќе излезе со подетални информации.
*Поврзана вест: