Новозаболените се во 33 града, најголем процент се над 60 годишна возраст, а заразувањето најчесто било преку контакт со потврден случај
Пријавени се 27 смртни случаи од 12 градови, 7 повеќе од минатата недела
Институтот за јавно здравје, изминатата недела регистрира вкупно 705 нови позитивни случаи, што претставува намалување од 10,8% во однос на минатата недела.
Позитивните случаи се од 33 града, најголем дел од Скопје (28,7%). Во истиот период, во 17 града, бројот на новодијагностицирани е под 20.
Од 7 до 13 септември, тестирани се вкупно 8 353 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање, што е за14.2% помалку во однос на минатата недела.
Но, процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.4% или 0.3 % повеќе во однос на претходната недела.
Најмногу новозаболени над 60 години, најмалку кај децата
Новозаболените лица се од сите возрасни групи, но најзастапени и натаму се лицата над 60 (22%). Голем број заболени се регистрирани и кај лицата во возрасните групи од 50-59 и 30-39 (по 19,3%), 40-49 (15,2%) и 20-29 (14,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (2,7%) и 10-19 години (5,1%).
Статистиката покажува дека во овој период опаѓа и бројот на хоспитализирани – 3,8% помалку во споредба со минатата недела, а кај 227 (33,3%) лица е регистрирано присуство на други заболувања.
Најмногу се заразиле преку контакт со потврден случај
Од вкупниот број на нови случаи, 221 (31,3%) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 лица со историја на патување (во последни 14 дена).
По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 709 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 27 смртни случаи од 12 градови, 7 повеќе споредено со минатата недела. Во однос на возраста, 19 лица биле над 60 години, 6 на возраст од 50-59 и два од 40-49 години. Од починатите 25 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 23 починати лица.
