Набрзо по пријавата, полицијата го привела 38-годишниот маж кој со нож ѝ се заканувал на вработената во аптеката
Полицијата попладнево привела 38-годишен маж, кој претходно извршил разбојништво во аптека на бул. „Климент Охридски“ во центарот на Скопје.
„Полициски службеници од ПС – Центар попладнево приведоа маж Ф.Л. (1982), кој околу 16.30 минути извршил разбојништво во аптека на бул. ‘Климент Охридски’. Тој, со закана со нож, од вработената одзел околу 6.000 денари и мобилен телефон. Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и лицето е лишено од слобода, а парите и телефонот се пронајдени“,
информираат од Министерството за внатрешни работи.