Министерството за внатрешни работи информира дека при акциска контрола во угостителски објект покрај автопатот на стариот пат Тетово – Скопје, синоќа биле затекнати 26 женски лица кои работеле како танчерки и биле приведени во полициска станица.
Две од нив се македонски државјанки, а 24 странски државјанки, и тоа пет од Русија, седум од Украина, седум од Албанија, три од Србија и по една од Молдавија и Босна и Херцеговина.
„Кај едно женско лице од Р.Албанија – танчерка била пронајдена марихуана, а кај А.А.(28) од с.Радуша-скопско бил пронајден нож. Сопственикот на објектот М.А. (68) е повикан во Полициската станица Тетово“,
се наведува во соопштението на МВР.
