Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи изутринава на патот кон Драчево.
Судирот се случил на крстосницата од улиците „Јустинијан Први“ со „Славка Динкова“ во Скопје.
Повредените се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, во Ургентниот хируршки центар.
Од МВР информираа дека несреќата била пријавена во 7:40 часот, во која се судриле две возила, „Цитроен саксо“ и „Форд“ со скопски регистарски ознаки.
