Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) попладнево околу 18 часот го започна најавениот протест против поскапувањето на струјата.

Демонстрантите во моментов се наоѓаат пред просториите на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во центарот на Скопје, каде ја пуштија и позната песна „Бела чао“.

Со свирежи и скандирање „лопови“, тие го искажуваат својот револт против поскапувањето на струјата.
„Доста е“, „Лопови“, Наместо светлина ни донесовте темнина“, се дел од пораките кои демонстрантите преку транспаренти ги испраќаат до Регулаторната комисија.
Ова е втор протест денеска пред РЕК, откако во 14 часот блокада на улиците околу оваа институција организираше и ВМРО-ДПМНЕ, која пред два дена имаше уште еден протест.