Меѓу починатите е лице од Македонски Брод на 46-годишна возраст
Во изминатото деноноќие, пет лица ја загубија битката со ковид-19 во земјава, а преку спроведени 1 542 тестирања, откриени се нови 142 новозаразени со коронавирус. Деведесет и осум лица ја победиле болеста, соопшти Министерството за здравство.
Петтемина починати се на возраст од 46 до 84 години и тоа: од Гостивар (69г), од Прилеп (84г), од Охрид (84г), од Македонски Брод (46г) и од Штип (58г).
Од спроведените 1 542 тестирања во последните 24 часа, најголем број од 142 нови случаи на ковид-19 се во Скопје-37, по што следуваат: Куманово-18, Дебар-1, Штип-3, Прилеп-8, Тетово-13, Струга-3, Битола-4, Гостивар-9, Струмица-4, Крива Паланка-8, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-1, Виница-3, Делчево-7, Кратово-1, Кичево-2 и Ресен-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздравен пациент од: Скопје-20, Куманово-10, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-3, Струга-11, Велес-4, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-4, Гостивар-6, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-1, Пехчево-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-3 и Кичево-5.
Со денешните бројки, вкупно дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15 555, бројката на оздравени пациенти е 12 994, на починати е 642, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1 919. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6 247, активни 588
• Куманово 1 580, активни 214
• Дебар 265, активни 32
• Штип 1 200, активни 81
• Прилеп 542, активни 132
• Тетово 1 279, активни 117
• Струга 613, активни 53
• Велес 283, активни 17
• Битола 241, активни 47
• Охрид 388, активни 59
• Кавадарци 195, активни 24
• Гостивар 838, активни 97
• Гевгелија 80, активни 46 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 90, активни 34
• Крива Паланка 79, активни 35
• Радовиш 50, активни 9
• Крушево 18, активни 2
• Кочани 179, активни 47
• Пробиштип 94, активни 19
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 83, активни 14
• Пехчево 42, активни 28
• Берово 72, активни 33
• Валандово 12, активни 4
• Виница 88, активни 28
• Делчево 122, активни 85 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 5
• Свети Николе 304, активни 23
• Кичево 289, активни 36
• Ресен 149, активни 2
• Неготино 49, активни 6 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1 542 теста се преку: ИЈЗ-439, ЦЈЗ Скопје-30, Авицена-364, Биотек-160, МАНУ-101, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Систина со PCR метода-175, лабораторија Лаор-64, ЦЈЗ Битола-28, Инфективна клиника-9, ГАК-7.
Досега во земјата се направени вкупно 163 132 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Во болниците има 329 пациенти, четири лица се на респиратор
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, едно дете и една мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 136, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Аеродром со 94 активни случаи на врвот на листата во Скопје
Најголем број од активни случаи се во Скопје – 588. По општини денеска ( иако по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата), најмногу активни сличау има во Аеродром- 94.
• Чаир – 55
• Гази Баба – 71
• Аеродром – 94
• Карпош – 71
• Центар – 68
• Кисела Вода – 53
• Ѓорче Петров – 35
• Бутел – 41
• Шуто Оризари – 19
• Студеничани – 13
• Сарај – 17
• Арачиново – 9
• Илинден – 12
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 3
• Нераспределени – 16