Вода за пиење, канализација, пречистителни станици, подобрување на животната средина, инфраструктурата, нови инвестиции во здравството и образованието…
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Бититќи денеска рече дека во следниот период државата ќе се задолжува, но само за проекти што ќе бидат од интерес на подобрување на животот на граѓаните, а не за непродуктивни работи или богатење.
Тој потсети дека државата може да се задолжува без притоа да се придржува до меѓународните договори бидејќи, како што рече, правилата во услови на криза не важат како во нормална ситуација. Тој притоа се повика на известувањата од меѓународните институции и од ЕК.
„Ќе има ревидирање на среднорочната стратегија за задолжување. Нашиот став е дека за секој проект што ќе придонесе за подобрување на животот на граѓаните ние сме подготвени да излеземе пред Собранието, ако ги изгласа законите за задолжување, да одговараме за адекватно трошење на парите од граѓаните. Нема да престанеме да наоѓаме фондови за подобрување на животот на граѓаните, како вода за пиење, канализација, пречистителни станици, подобрување на животната средина, инфраструктурата, нови инвестиции во здравството и образованието, а не за нешто што било навика изминатите години, за индивидуално богатење или непродуктивни трошоци“,
рече Битиќи одговарајќи на новинарско прашање, дали ќе има нови задолжувања на државата.
