Во предреферендумска дебата на „360 Степени“, вицепремиерката Радмила Шекеринска одговараше на прашање од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
– Едно прашање за договорот кое го постави Николоски, а коешто е многу важно е дека со новиот договор практично ставаме крај на Времената спогодба и ја фрламе во вода хашката пресуда. Јас сакам само да потсетам дека ова е истата партија којашто фрли дрва и камења и којашто сите овие 20-30 години го напаѓаше Киро Глигоров за Времената спогодба. Истата партија којашто во 90-те велеше дека тој договор е катастрофален, и на лидерската средба се трудеше да каже дека тој договор мора да го спасиме. Јас ви гарантирам Николоски, дека по 20-30 години некој на ваше место од ВМРО-ДПМНЕ ќе рече дека ова било историски исправна одлука. Ама задача на политичките партии не е да бидат во право после 20 години, туку да бидат во право тогаш кога настаните се случуваат – рече Шекеринска.
Напишете коментар