Директорот на УБК, Сашо Мијалков, негира дека има некаква конекција со случајот „Рекет“.
Тој е осомничен во случајот „Империја“, заедно со Орце Камчев кој го пријави случајот „Рекет“ односно дека се барале пари од него за да добие поблаг третман во постапката.
„Немам конекција со тоа”, одговори Мијалков на прашањето дали и тој давал пари за „Империја“.
Краткиот коментар тој го даде утрово влегувајќи во судот на рочиште за масовното прислушување во предметот „Таргет-Тврдина“ каде е еден од обвинетите.