Градинките почнуваат со работа на 9 септември одлучи денеска Владата.
На својата прва седница, Владата ја усвои Информација за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца – градинки / центри за ран детски развој за време на пандемија ковид-19.
„Дотогаш градинките се должни да се подготват за работа. Владата им препорачува на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување деца“,
се вели во соопштението на Владата.
Дополнително локалните самоуправи се задолжуваат да обезбедат потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со ковид-19, доколку градинката има потреба по итни и неодложни работи за непречено функционирање, соопшти владината прес-служба.