Ана Камчева во денешното нејзино сведочење рече дека поранешната специјална обвинителка се јавувала на нејзиниот сопруг Орце Камчев додека бил во домашен притвор за „Империја“ за да го убедуваа како што рече дека “се ќе биде ОК”.
Но, на прашања на адвокатите на Јанева, Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев, дали некогаш обвинителката лично од неа побарала пари, Камчева одговори: “Никогаш. Побара Бојан”.
Потоа се надоврза дека обвинителката од неа побарала да не се појавува во просториите на СЈО како бранителка на сопругот, бидејќи не би било добро да привлекува внимание.
Со испрашувањето на Камчева од адвокатите на обвинетите Јовановски и Јанева заврши денешното сведочење на сопругата на Орце Камчев, како сведок на Обвинителството.
Таа денеска сведочеше за средбите што следувале по притворот на нејзиниот сопруг за случајот „Империја“, средбите со Јовановски и Јанева и со тогашниот директор на УБК, до моментот кога Камчев излегува од Шутка и од домашен притвор ги продолжува контактите со обвинетите.
Можно е Камчева повторно да биде повикана да сведочи овојпат од одбраната.
Во продолжение на денешното рочиште како сведок е повикана и сметководителката во „Орка Холдинг“, за која Орце Камчев во неговото сведочење рече дека заедно со него ги подготувала парите кои им биле дадени на Јовановски и Милески.